20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заеви јадат од златни вилушки и лажици народот плаќа поскапа струја

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ 

Стерилните соопштенија на СДСМ нема да го сокријат луксузот на семејството Заеви.

Заев откако е на власт граѓаните не видоа ниту една корисна реформа освен поскапување на струјата.
Заев и СДСМ без тронка срам на подмолен и шверцерски начин ја покачија цената на струјата во сред епидемија. Поради Заев и СДСМ граѓаните плаќаат 13-та сметка за струја.
Неспособноста на СДСМ се докажа и увиде и во извештајот на Европската комисија за енергетика, која им препорача дека треба да се инвестира во нови ресурси и дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност.
Заев и СДСМ пред да дојдат на власт на граѓаните ветуваа гасификација и природен гас до сите домаќинства во државата, но на СДСМ побитно им беше за четири години да ја задолжи државата со рекордни 7 милијарди евра, од кои пари граѓаните не видоа ниту денар.
Енергетиката за оваа неспособна влада е црна дупка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести