Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ гостуваше во утринска програма каде што зборуваше за ситуацијата на сцената во ек на пандемијата на вирусот, но и за финансиите на кои се жалат многумина.
„Оваа година ќе остане запаметена по добро за мене затоа што добив внук. Но, на глобално ниво оваа година не постои. Јас прележав корона и за среќа бев асимптоматска“, вели Цеца.

„Не знам зошто осудуваат, сите живееме од пари, сите работиме за пари. Имаме трошоци, како и секој нормален. Луѓето ја мерат сцената со луѓето кои имаат големи капацитети. Останаа многу гранки од уметноста кои се загрозени. Се случи на многу луѓе кои се во кредити“, објаснува пејачката.