Четири лица кои стигнале во Токио од Бразил се инфицирани со нов сој на корона вирусот, соопштија денес здравствените лица, пишува Танјуг. Оваа вест ја потврдил и премиерот Јошихида Суга, кој рекол дека на владата ќе и бидат потребни неколку дена пред да реши дали да ја продолжи вонредната состојба во Осака, Кјото и Кјодо. Националниот институт за заразни болести навел дека не постои доказ дека новиот сој на корона вирус е позаразен од претходните, ниту дека е поопасен. Такаџи Вакита, шеф на Институтот, рекол дека новиот сој покажал некои сличности со оној кој се појавил во Велика Британија и Јужна Африка.
Четири патници кои дошле од Бразил биле тестирани веднаш на аеродромот и дознале дека се позитивни, после карантинот.
Од нив четворица, еден маж во четириесеттите години години е хоспитализиран заради потешкотии со дишењето, жена во триесеттите се пожалила на јака болка во грлото и главоболка, тинејџер имал зголемена температура, а четвртиот патник, исто така, тинејџер немал симптоми.