Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НАУЧНО ОТКРИТИЕ: Ковид-19 не мора да влезе во мозокот за да го оштети

Штетата што ја забележаа обично беше поврзана со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем.

Новиот коронавирус не мора да продира директно во мозочното ткиво за да го оштети, покажува новата студија пренесена од британската новинска агенција Ројтерс. Истражувачите проучувале мозоци на 19 пациенти кои починале од коронавирусна болест, фокусирајќи се на ткивните региони за кои се верува дека се многу подложни на пенетрација на вирусот. Тоа е миризливиот дел од bulbus olfactorius кој го контролира чувството за мирис и мозочното стебло што ги контролира дишењето и работата на срцето.

Кај 14 пациенти, во едниот или во двата региона имало оштетени крвни садови, некои биле запушени, некои протекувале. Откриле овие области на истекување биле опкружени со воспалително изменето ткиво како резултат на имунолошкиот одговор на организмот. Научниците не пронајдоа докази за присуство на самиот вирус, напишаа во трудот објавен во New England Journal of Medicine.

Бевме целосно изненадени, рече коавторот на истражувањето, др. Авиндра Нат од Националниот институт за невролошки болести и мозочен удар. Штетата што ја забележа неговиот тим обично беше поврзана со мозочни удари и воспалителни болести на нервниот систем, додаде тој.

Нашите досегашни резултати сугерираат дека штетата можеби не е предизвикана од директно продирање на вирусот САРС-CoV-2 во мозокот, вели др. Нат. Во иднина, планираме да проучиме како КОВИД-19 ги ​​оштетува крвните садови во мозокот и дали произведува некои од краткорочните и долгорочните симптоми што ги гледаме кај пациентите.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

На социјалните мрежи се појави урнебесен оглас каде што едно лице бара придружничка за инает на неговата поранешна девојка. Момчето нуди да ја носи...

Забава

Пејачката Милица Тодоровиќ во моментов е во својот дом со своите најблиски, а таа не крие дека во следниот период сака да стане мајка....

Забава

Атрактивната балканска пејачка Сандра Африка им се обрати на нејзините фанови во прекрасно издание, а многумина останаа без коментар. Сандра им ги честиташе празниците...