Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Меркел разговараше со Путин за можна соработка во борбата против Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел е „отворена за варијантата дека руската вакцина против коронавирус може да се произведува во земјите на ЕУ“, пренесува CNBC, повикувајќи се на портпаролот на канцеларката.

Во вторникот, Меркел разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за можната соработка меѓу Русија и ЕУ во борбата против пандемијата. ЕУ деновиве беше критикувана од различни партии за бавноста во вакцинирањето на своите граѓани, што заостанува далеку зад САД, Кина, Русија … На пример, вакцинацијата во Холандија започна дури во средата.

Во Германија, во четвртокот, од коронавирус починале 1.188 лица, јави агенцијата ДПА.

Тоа е рекорден број на мртви за еден ден од почетокот на епидемијата. Во исто време, бројот на новоинфицирани се зголеми за 31.849. Претходно, најголемиот дневен број на починати беше регистриран на 30 декември – 1.129, а најголемиот дневен број на новоинфицирани на 18 декември – 33.777.

Вкупно, во оваа најголема земја на ЕУ, од почетокот на епидемијата, повеќе од 1,8 милиони луѓе биле заразени со вирусот корона, околу 1,5 милиони се опоравиле, а 38,795 починале. Релативно повеќето заразени се во Саксонија и Тирингија.

Во текот на ноќта, по консултација со премиерите на провинциите, Меркел објави дека сегашната „блокада“ во Германија може да биде продолжена барем до крајот на овој месец, со уште построги мерки од сегашните.

Најновата мерка, што се однесува на целата земја, е ограничување на слободното движење на граѓаните на 15 километри од нивниот стан.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

На социјалните мрежи се појави урнебесен оглас каде што едно лице бара придружничка за инает на неговата поранешна девојка. Момчето нуди да ја носи...

Забава

Пејачката Милица Тодоровиќ во моментов е во својот дом со своите најблиски, а таа не крие дека во следниот период сака да стане мајка....

Забава

Атрактивната балканска пејачка Сандра Африка им се обрати на нејзините фанови во прекрасно издание, а многумина останаа без коментар. Сандра им ги честиташе празниците...