Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Лето 2020 во Грција само под еден услов!

Нашиот јужен сосед најави дека годинава можно е да има зелено светло за туризам, ама најави и две категории туристи – оние кои биле вакцинирани и оние кои не се, најави грчкиот министер за туризам Харис Теохарис. Во интервју за агенцијата АПЕ-МПЕ Теохарис нагласи дека вакцинираните патници повеќе нема да мора да бидат тестирани или да им биде одредуван карантиран ако покажат потврда за вакцинација при влез во земјата.

Секој што е вакциниран во Грција ќе добие дигитален сертификат, а повеќето европски земји планираат да воведат слични сертификати.

– Веќе се разговара за заемно признавање на ваквите сертификати, помеѓу земјата на поаѓање и дестинацијата, вели Теохарис.

За оние кои не биле вакцинирани, мерките за контрола на границата ќе бидат зголемени, додаде тој, истакнувајќи дека постои сеопфатен план за поддршка на компаниите и работниците погодени од епидемиолошката криза.

– Вакцинацијата има директно позитивно влијание на две нивоа. Прво, грчките граѓани, а особено најранливите, ќе бидат побезбедни. Економската активност постепено ќе се врати на вообичаеното темпо. Второ, вакцинацијата ќе создаде клима на оптимизам и тоа ќе се рефлектира во резервациите на туристите од земји за кои сме заинтересирани, како Германија, Велика Британија, Франција, Италија, истакнува Теохарис.

Веројатноста вакцинираните лица да заболат од коронавирус е многу мала, објаснува грчкиот министер, а поради тоа земјата не планира да ги тестира туристите или пак да карантинира. За оние туристи кои не биле вакцинирани, мерките ќе зависат од текот на вакцинацијата и епидемиолошката состојба во земјите од каде доаѓаат.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

На социјалните мрежи се појави урнебесен оглас каде што едно лице бара придружничка за инает на неговата поранешна девојка. Момчето нуди да ја носи...

Забава

Пејачката Милица Тодоровиќ во моментов е во својот дом со своите најблиски, а таа не крие дека во следниот период сака да стане мајка....

Забава

Атрактивната балканска пејачка Сандра Африка им се обрати на нејзините фанови во прекрасно издание, а многумина останаа без коментар. Сандра им ги честиташе празниците...