Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Еве што мора да носите секогаш во ташна

Времињата се такви што светот стана захтвен, технолошки комплициран, воздухот загаден а сите нешто напнати и нервозни, и немаат време за чекање ако некој нешто згреши или заборави. Затоа, спремете се. Што се мора да носите во вашата ташна, за да не ви се расипе денот поради заборавност на ваквите, навидум, ситници кои се голем проблем ако ги немате при рака.

1. Резервни клучеви за автомобил

Доколку имате автомобил, тогаш знаете дека тој ви е многу корисен во секојдневието. Но, сето тоа не можете да го постигнете доколку ги немате клучевите од него. Замислете дека сте отишле во шопинг, па при брзање сте ги изгубиле и не можете да ги најдете. Затоа, осигурете се дека со себе секогаш ќе имате резервни клучеви.

2. Пенкало

Пенкалото е потребно во многу секојдневни ситуации. На пример, замислете дека треба да пополните некој формулар, да се потпишете некаде, да одговарате на некоја анкета и слично. Наместо да ја барате најблиската продавница или пак да позајмувате од случајните минувачи, најдобра идеја е да понесете едно со себе. Пенкалото не тежи, а може да ви помогне во многу ситуации.

3. Конец за чистење заби

Што би направиле доколку сте излезени некаде и на забите забележите остатоци од храна, а ве очекува некој важен деловен состанок? Конецот за чистење заби е потребен за лична хигиена, а толку е мал што речиси воопшто не зазема простор. Па, нема зошто да не го понесете со себе.

4. Мало пакување влажни марамчиња

Колку и да бидете внимателни, секогаш постои веројатност нешто да истурите врз себе, да се извалкате со храна, да ги извалкате вашите чевли… Затоа, бидете подготвени.

5. Очила за сонце

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога возите, а не можете да гледате неколку метра пред себе затоа што ви пречи сонцето? За да бидете безбедни, секогаш имајте еден пар очила за сонце во вашата чанта. Подобро да ги имате отколку да жалите. Покрај тоа, очилата за сонце ќе ви помогнат и во ситуации кога ќе почувствувате потреба за приватност и нема да сакате некој да ве познае. 

6. Ситни парички

Ситните парички може да ви бидат од голема корист. На пример, можете да ги искористите во продавница за да не ги раситнувате вашите пари, тие се корисни доколку сте на поминување и сакате да купите некоја мала ужина, а исто така ситните пари е добро да ги имате и доколку се возите со градски автобус.

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

На социјалните мрежи се појави урнебесен оглас каде што едно лице бара придружничка за инает на неговата поранешна девојка. Момчето нуди да ја носи...

Забава

Пејачката Милица Тодоровиќ во моментов е во својот дом со своите најблиски, а таа не крие дека во следниот период сака да стане мајка....

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...