Невеста од Индина била принудена да се омажи за гостин на сопствената свадба, откако младоженецот во последен момент се премислил и избегал од венчавката. Бизарниот инцидент се случил минатиот викенд, а како што пренесуваат медиумите младоженецот избегал од свадбата заради љубовницата. Наводно таа му се заканувала дека ќе дојде на свадбата и ќе направи сцеба, па тој за да одбегне скандал во последен момент решил да не се жени.
Невестата и нејзиното семејство биле очајни заради се, па роднините веднаш тргнале во потрага по соодветен маж за оставената невеста. Набрзо нашле момче кое било спремно да се ожени и да ја спаси од срамот. Семејствата биле среќни и веднаш дале благослов, па венчавката била обавена. Со младоженецот бегалец не е познато што се случува.