Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Продолжуваме со засилена реализација на капиталните инвестиции во гасификација, железничка, патна и комунална инфраструктура

СДСМ е посветен на креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе обезбедат рестарт на македонската економија и поквалитетен живот за сите.

Преку стратешката рамка „Акција 21“, Владата предводена од СДСМ оваа година се фокусира на развој и унапредување на инфраструктурата.

За реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификација, железничка, патна и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови се предвидени 83 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

За изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава се инвестираат 840 милиони евра.

За оваа година се обезбедени 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините

Со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини.

Процесот на гасификација се реализира со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар.

Инвестираме и во обезбедување домови за граѓаните од ранливите категории. Во изградба се вкупно 576 социјални станови низ целата држава.

СДСМ како одговорна партија и во 2021 година продолжува со инвестиции во капиталните проекти, со кои се поттикнува економскиот раст во државата, подобри услови за економијата и повисок стандард на сите граѓани.

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...