Начинот на кој гледате на работите ве открива каква личност сте, зарем не? Ние во суштина сме склони работите да ги гледаме од својата индивидуална перспектива и тоа е она што не разликува од другите. Што всушност гледате на сликата?
Постар пар
Ако прво забележавте постар пар, тогаш имате поширок поглед на животот. Не се заглавувате во тривијалности и секогаш на животот гледате од птичја перспектива. Заради тоа вие повеќе сте стратег и би биле добри во менаџерски улоги таму каде што гледате поширока слика. Вие сте добри во планирањето и не се бавите со микро управување.
Двајца мажи во преден план и жена во позадината
Ако веднаш забележавте три лица, две во преден план и жена во позадината тогаш вашето внимание кон деталите е неверојатно. Внимавате на нијансите кога другите ни самите не знаат дека тие постојат. Секојдневно набљудувате (луѓе, места или предмети) и тешко дека постои нешто што може да помине покрај вас, а да не ви привлече внимание. Вие сте личност која добро ги планира работите до детаљ, а некој дури за вас може да каже и дека сте опседнати со детали.