Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски најсериозен кандидат за златна малина за лошата глума во “Операцијата попис”

Согласно Предлог-законот за попис, операцијата треба да се изврши од 1 до 21 април, а наградата за најлоша глума ќе се доделува на 24 април.

Токму навреме Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ја добие наградата за животно дело, а доколку се потруди со контрадикторни изјави околу пописот во овие три месеци, ништо чидно истата да почне да го носи неговото име.

Според агендата , пописот ќе стартува за нешто повеќе од два месеци.

На лицата-државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе им се овозможи самопопишување во периодот од 15 март до 31 март 2020 година на посебна апликација која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите за заштита на личните податоци.

Освен конфузни изјави по медиумите, Мицкоски не стори ама баш ништо да докаже дека е навистина загрижен околу исходот на пописот. Напротив, во негов стил едно зборува на медиуми на македонски јазик, друго на медиуми на албански јазик, а трето презема како политички чекори.

Мицкоски може да не признава и дека Баерн Минхен е шампион, но пехарот е на Алианц Арена

Деновиве Мицкоски повторно ги потцени граѓаните и ја исфрли својата теза дека немало да ги признае резултатите од пописот. Тоа би било и во ред , доколку некој го бара од него . Но, никој во Законот за попис не бара Мицкоски да ги признае резултатите.

Напротив во Глава Х која се однесува на “ОБРАБОТКА И ОБЈАВУВАЊЕ НА  ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ”, во Член 43 јасно стои
“Обработката и објавувањето на податоците од Пописот го врши Државниот завод за статистика според утврдена програма и утврдена временска динамика”. Во Член 44 се вели “Резултатите од собраните податоци за пописни цели ќе бидат публикувани  или подготвени за потребите на корисниците како збирни  податоци, ако се преземени сите мерки за обезбедување дека попишаните лица и домаќинствата не можат да се идентификуваат”. Никаде не се споменува никакво признавање или непризнавање на резултатите како услов за одржување на пописот.

Лошиот глумец Мицкоски на албански медиуми веќе ги призна процентите на неодржан попис, а пред македонските ги негира

Скандалозно, на 31 декември кога никој не следи политички дебати, Мицкоски излезе на интервју на албанската ТВ Клан и соопшти дека процентуалната застапеност на албанците не само што не може да се намали туку и ќе се зголемела.
Иако пред медиумите на македонски јазик глуми легалист, на Клан ТВ Мицкоски потврди дека има премолчен договор да се игнорира Уставот доколку албанците бидат под 20%.
Мицкоски очекува процентот на албанци да се зголеми со оглед на тоа што неговите податоци велеле дека скоро во третина случаи родилките биле албанки.

“Решивме сите дека ова е статистичка операција, ниеден политичар не рече дека ќе ревидира политичка права, ако се сложиме сите дека е статистичка операција треба тука да градиме доверба и ова е вистинскиот начин за да ги добиеме вистинските параметри, од друга страна ако зборуваме за бројките нема потреба никој да се грижи за процентите, затоа што секој оној кој внесува страв, како одреден албански медиум кој го  прочитав а е поврзан со слуги на Заев лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ вели дека албанците биле под 20% јас би кажал дека во 28-30% од населението од родените деца мајката е албанка, а од 50-60 % мајката е македонка тоа е природното движење на населението, па по тоа не е возможно да има поразлични бројки” истакна Мицкоски.

Мицкоски не повикува на бојкот, туку на соработка со пописните органи

“Доколку некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ  ќе повика на непопишување не е така, зошто постои казна глоба од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме.

И да повика ВМРО-ДПМНЕ теоретски дека целата глоба ќе си ја плати секој, тогаш дел од населението ќе се попише, дел нема и ќе има дисбаланс во резултатите.” се правдаше Мицкоски за неговата пасивност во интервјуто на Нетпрес.

Сепак Законот за попис не предвидува казнени одредби доколку некој не е дома кога кај него би пристигнала пописна комисија. Казни согласно законот се предвидени за лица кои би биле затекнати дома и би одбиле да дадат податоци или би дале погрешни податоци. Дополнително, се предлагаат пониски казни од оние кои ги соопштува Мицкоски.

Медиа.мк веќе пишуваше за ставот на поранешната директорка на Заводот за статистика која отворено ја критикуваше пасивноста на Мицкоски.

најчитани вести

Македонија

Иако нема официјална информација, македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство и тоа на местото на Чешка. Најновата информација дека оваа селекција...

Македонија

„Благодарност за шансата да се приклучам на администрацијата на Бајден и со извонредните колеги да ги обновиме трансатлантските врски и да работиме заедно со...

Македонија

Поради продор на студена воздушна маса од север, утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег...

Забава

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ често со своите фанови на социјалните мрежи споделува моменти од своето секојдневие, со што покажува како го поминува слободното време...