Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Значително намалување на сообраќајните незгоди, вчера 103 санкции за брзо возење во Охрид (ФОТО/ВИДЕО)

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (08.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 103 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид. „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски. 

На територијата на СВР Охрид споредено декември 2020 со декември 2019 година сообраќајните незгоди се намалени за 11 отсто. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Македонија

Избраниот Претседател Џо Бајден : нашата демократија е нападната ! Сцените од капитол не ја одразуваат вистинската Америка. Тие не покажуваат кои сме навистина...