Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ЕМОЦИИ СРЕДЕ ЗЕМЈОТРЕС: Ја запроси девојка му онаму каде што за малку ќе го загубел животот

Сакав да ја запросам Ана уште минатата година, бирав место и вистински момент, а потоа се лсучи 2020 година со сите свои непријатности и короната, па таа идеја падна во вода, раскажал Деан Јаданиќ од Петриње за хрватскиот 24 сата.

Деан својата сакана Ана Крзнаревиќ ја запросил во рушевините, на местото каде што за малку ќе го загубел животот, пред Домот на здравје во Петриње. Се запознале пред четири години во продавницата каде што работела Ана и тоа за нејзиниот роденден. Деан работи како медицински техничар во тамошниот Дом на здравје веќе 13 години, а после последниот потрес на 29 декември едвај извлекол жива глава од таму.  

– Годината ни донесе уште една несреќа. Потресот кој не дотолчи сите. Едноставно не знаеме што ни носи животот и што ни носи утрешниот ден. Така во четвртокот во разговор со својот најдобар пријател Марко решив следниот ден да ја запросам Ана, затоа што сфатив дека нема смисла да се чека вистинскиот момент. Секој момент е вистински рекол Деан. 

Бидејќи се испланирал набрзина во Петриње не можел да купи прстен заради ситуацијата, па му помогнал колега од Сисак. Прстенот бил купен во петокот наутро, а веќе вечерта бил на раката на Ана. 

– Ми рече дека треба да одиме до Домот на здравје да земеме некои работи. Раму не чекаа пријателите, а Деан се правеше дека бара нешто по подот. Не знаев што бара, но и јас барав со него. Потоа само ја симна кацигата, клекна, извади прстен и тоа беше тоа. Се разбира, реков да!, раскажала Ана и додала дека никогаш нема да му се заблагодари доволно што успеал да и ги разубави и овие тешки моменти. 

најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Забава

Елизабет Харли редовно објавува провокативни фотографии на својот профил на Инстаграм, докажувајќи повторно и повторно дека на 55 години изгледа божествено. Таа неодамна позираше...

Македонија

Избраниот Претседател Џо Бајден : нашата демократија е нападната ! Сцените од капитол не ја одразуваат вистинската Америка. Тие не покажуваат кои сме навистина...