Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Еве колку се разликува британскиот сој на корона вирусот од првобитната варијанта

Кон крајот на декември минатата година во Велика Британија се појави нов сој на корона вирусот кој веќе беше распространет и брзо ја надмина постоечката варијанта во најмалку три региони на Англија. Во студијата објавена во Центарот за математичко моделирање за заразни болести направена е истрага на инфективноста на новиот сој на корона вирус. Иако е докажана поголема инфективност, не е докажано дека nовиот сој предизвикува поголема смртност.

Сепак, многумина се загрижија од самиот факт дека вирусот е поинфективен, а главното прашање беше дали симптомите, па и текот на болеста е поинаков.

Токму затоа студијата која ја спроведе Универзитетот во Јужна Каролина го идентификуваше редоследот на симптоми и како тие напредуваат. Истражувачите поставија препознатлив образец кој помага да се утврди дали симптомите како што е кашлицата се главен знак за ковид или не.

За да го утврдат овој образец ги анализираа стапките на инциденција на симптомите кои ги собрала Светската здравствена организација од преку 55 илјади потврдено случаи на Ковид-19. 

Според нивните наоди, редоследот на симптомите оди по следниот ред:

  • Треска
  • Кашлица и болки во мускулите
  • Мачнина и повраќање
  • Дијареја

Оттука дошле до заклучок дека редоследот на симптомите кај новиот сој на вирусот во многу нешта се совпаѓа и со „оригиналниот“ SARS-CoV-2, но Центрите за контрола и превенција на болестите, секако, внимателно ќе ја следат ситуација. 

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...