Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Телото на Чарли Чаплин било украдено од гробот – “Киднаперите” барале откуп, а добиле УРНЕБЕСЕН ОДГОВОР ОД ВДОВИЦАТА

Актерот Чарли Чаплин умрен на католички Божиќ во 1977 година, на 88-годишна возраст. Веста растажила милиони негови фанови ширум светот, но не колку и настанот кој следувал… Три месеци по неговиот погреб некој го украл телото на славниот комичар од неговата гробница во швајцарското село Corsier-sur-Vevey.

Филмски грабеж

Откако неговото тело било украдено на 1 март 1978 година, три месеци по погребот, полицијата почнала истрага, а се се одвивало под будното око на јавноста. 

Излегло дека телото го украле Роман Вардас и Ганчо Ганев, полски  и бугарски автомеханичари, обидувајќи се да изнудат пари од вдовицата на Чаплин, Уна О’Нил. И стигнало барање за откуп во износ од 600 000 длраи, но уценувачите сигурно не ја очекувале нејзината реакција. Кога чула колку пари бараат Уна рекла дека нејзиниот сопруг би „мислел дека барањето им е смешно“.

Сепак, лоповите не се откажувале, па почнале да се закануваат дека ќе ги грабнат нивните две најмлади деца. Полицијата повиците ги снимала, но во прво време не можела да им влезе во трага на злосторниците.

КРАЈ НА ПОТРАГАТА

Истрагата траела пет недели и конечно дала резултати. Во големата полициска акција биле фатени двајцата киднапери и бил најден ковчегот со телото на актерот, што злосторниците го закопале во поле на околу километар и пол од куќата на Чаплин. 

После 11 недели од кражбата, телото на Чарли Чаплин повторно било положено во гробницата во близина на Женевското Езеро. Овој пат сандакот бил ставен под дебел слој бетон за да се спречи повторен обид за грабеж.

Крадците биле обвинети, па така Вардас добил казна 4,5 години тешка физичка работа, а Ганев 18 месеци. 

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...