Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Овие десет рутини ќе ви го променат животот и работата!

Ако сакате да блеснете во 2021 година во професионална смисла, тогаш треба да ги следите овие 10 рутини што можат да ви донесат пресврт. Истите се препорака на советникот за управување со кариера, Шанел Мекфарлејн.

На прво место се „виртуелните кафе муабети“, што е многу важно, особено сега кога собирите и дружењата се ограничени. Тој дух на соработка со колегите треба да се одржи со кафе и повесел разговор.

Појдете на курс преку Интернет за да ги надградите своите знаења и вештини. Во 2021 година ќе има масовно преквалификување – се поголема е побарувачката за нови софтверски решенија, за девелопери, креатори на апликации …

Освежете“ го вашето CV од време на време, затоа, не само кога барате нова работа. Погледнете што му недостасува, на што треба да работите, кои вештини треба да ги подобрите и запишете ги како дополнителна предност.

Станете поактивни на социјалните мрежи, бидејќи сега речиси сите се таму, дури и вашиот сегашен или иден работодавец. На тој начин, можете да кажете многу за себе, но и за своите потенцијали. Бидете „присутни на Интернет“.

Интензивното следење на вашите сопствени достигнувања ви овозможува на време да видите колку далеку сте достигнале во вашата кариера, како напредувате, што ви недостасува, каде грешите. Водете сметка за сите успеси, но и за грешките кои ви беа лекција.

Следете на Интернет, какви вештини сега бараат, и кои описи ги следат. Прилагодете го мотивационото писмо на оваа или вашата презентација. Свртете се на повеќе технологии.

Претплатете се на проценка за кариера преку Интернет – ова е разговор со експерт кој точно ќе ви каже во која фаза сте, што можете да очекувате ако останете на исто ниво или што треба да промените во однесувањето.

Читајте книги за професионален развој и научете од експерти како да одите напред во вашата кариера. Многу вработени стигнуваат до одредена точка и едноставно „заглавуваат“. Можеби ова читање може да ви биде корисно.

Бидете поактивни на деловната мрежа LinkedIn, особено сега кога пандемијата донесе разни негативни последици на пазарот на трудот. Во 2019 година, дури четири милиони луѓе беа вработени преку оваа мрежа.

Одморете се ако сакате да нижете успех. Заморот никому не му носи добро. Мора да постои рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот, како за лична среќа, така и за успех на работа.

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...