Кристијан Голубовиќ во Задруга 4 се расплака откако му пристигна емотивно писмо од сопругата Ивана.
Сопругата на Кристијан му испрати подароци за Божиќ, писмо, но и цртеж од нивната ќерка Вера, која ја бараше пред неколку дена.
Кристијан плачеше додека го читаше писмото, а набрзо му се приклучи цимерот Чорба, па Голубовиќ му прочита дел од писмото.
„Ние сме некои кои веруваат и го слават Божиќ и сите големи празници. За нас Нова година не претставува ништо. Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ, ти посакуваат Вера и Цоца со мама Ивана. Останатото ќе дојде кога ќе биде потребно. Поздрав од најубавиот град…“, пишува меѓу другото во писмото.