4 C
Skopje
четврток, април 8, 2021
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ во мат позиција: Мицкоски нема капацитет да го смени Заев, а одбива да си замине од лидерското место

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и обиди да се појави на што е можно повеќе медиуми, претставувајќи се како урбан лик.
Во овие осум дена, Христијан Мицкоски единствено што пропушти е гостување во метео блокот и изразување на мислење околу временската прогноза за наредните денови во државата.
Зошто Мицкоски мисли дека граѓаните би поддржале некој што би глумел ТВ водител, а не политичар кој има јасни и конкретни цели кои ги реализира ?
Одговорот на ова прашање е искривената перцепција на реалноста заради која Мицкоски го загуби второто место од Апасиев, а ВМРО-ДПМНЕ заостанува уште повеќе зад СДСМ, додека левица според последните анкети драстично расне.
Единствената порака од десетината интервјуа и изјави кои ги даде Мицкоски деновиве повторно е конфузна.
Мицкоски немало да се повлече се додека ја имал поддршката од граѓаните. Сепак признава дека бил поразен од граѓаните на избори, но тоа не било витешка борба затоа што од другата страна го имал за противник Заев, а немал витез.
Колку добива ВМРО-ДПМНЕ и самиот Мицкоски од ваквите настапи ќе се види во следната анкета, бидејќи во досегашните тоне и тој и партијата, а за сметка на погрешните чекори, Левица го окупира и десниот простор.

2020 година на нереализирани ветувања на Мицкоски

Најпрвин бараше предвремени избори, па после нивно одложување. Откако не успеа со заканите за бојкот и прифати изборно соочување, Мицкоски тргна со уверлива реторика дека победата на изборите му е осигурана само прашањето било дали разликата во пратеници ќе била двоцифрена.

Сигурен во победата Мицкоски вети и дека ќе се повлече од претседателската фотелја дури и во случај да победи , а да не успее да формира влада. Ова ветување на Мицкоски заврши како уште една лага на годината. Не само што не успеа да состави влада, туку не успеа ниту да победи на изборите.

За да го избегне притисокот во партијата и барањето на одговорност за поразот, Мицкоски започна со нова лага дека ќе формирал влада и дека тој ја имал стартната позиција. Во тогашната математика го ставаше и Апасиев кој заостануваше зад него.

Како и се друго, на лагата и беа кратки нозете, па неуспехот на Мицкоски да состави влада, финишираше со посакување на среќа на Ахмети и на Заев.
Потоа следеа слабо посетени протести кои немаа буквално никаков ефект освен да се дефокусира партиското членство од барање на одговорност од Мицкоски за пропуштените шанси.
Следно неостварено ветување во 2020 година му беше најавата за победа на изборите во Штип. Мицкоски во Штип велеше дека се брани Македонија и дека од таму ќе стартува етапното симнување на Заев од власт. Искривената перцепција на реалноста беше исправена со последните анкети. Кога Мицкоски се соочи со испитувањата на јавното мислење во Штип, одбраната на Македонија одлучи да му ја препушти на Симон Поликарп – Џими.

Оправдувањето со корона пандемијата падна во вода, бидејќи две недели по изборите бројките на заразени во Штип не само што не се покачија, туку паднаа.

Затоа Мицкоски тргна во нова авантура. Почна да ги манипулира сопартијците и јавноста со преземање на пратеници од Зоран Заев и рушење на владата во Собрание.

Поминаа три месеци од тогаш, а ниту еден пратеник не го напушти мнозинството. Напротив се почести се најавите дека погрешните политики на Мицкоски може да имаат спротивен ефект.
На почеток на декември беше најавена и интерпелација на владата, но Мицкоски не ја оствари ни таа најава.

Затоа Мицкоски се испофали дека по негова насока ВМРО-ДПМНЕ успеало да го спречи штетниот договор меѓу владата и ГА-МА. Победата на Мицкоски траеше цели два дена, а третиот ден веќе се претвори во нов пораз. Пендаровски ја потпиша одлуката на Собранието, а партијата го молеше да не го прави тоа и покрај замрзнатите односи.

Мицкоски најавуваше блокади и на Законот за попис, но засега и тој поминува согласно динамиката предвидена од власта.
Цената на сите овие пропусти на Мицкоски ја плаќа највеќе ВМРО-ДПМНЕ кое се оддалечува од СДСМ и покрај лошата економска состојба и здравствената криза со која што се соочува земјата.
Имено на анкетите објавени на Телма , Мицкоски со рејтинг од 28,3% заостанува зад Апасиев со 29,7% , а Заев е пред нив со 39,7%.

Читај Следно

10,321FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести