Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ХАОС НА ИНТЕРНЕТ: КАНЈЕ ЈА ИЗНЕВЕРУВАЛ КИМ СО МАЖ

Теоријата што сугерира дека контроверзниот рапер можеби ја изневерил Ким Кардашијан со Џефри Стар – без докази, стана вирална и се прошири меѓу интернет заедницата.

 Гласините ги започна корисникот на „TikTok“ социјалната мрежа, Ава Луиз, која претходно се прослави со песната „Skinny Legend Anthem“, како и со видео записот во кој таа лиже тоалетна школка како „предизвик со коронавирус“.

Во „TikTok“ објавата, Луиз покажува статија од таблоидот „Page Six“, кој во вторникот објави дека Ким и Канје се пред развод. Ријалити ѕвездата наводно ја ангажирала адвокатката Лора Васер, а изворот тврди дека Ким го натерала Вест да замине во Вајоминг.

Како одговор на веста, Луиз рече дека има озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – кој е роден како маж“.

„Многу луѓе од сцената знаат веќе некое време за нив“, рече Луиз во видеото. Особено и се допаднаа коментарите во кои се прашуваше дали станува збор за Џефри Стар, а во продолжение на „TikTok“ видеото, таа исто така тврди дека нејзиниот пријател, кој е адвокат на позната личност во Лас Вегас, ја запознал Ким за случајот пред неколку месеци и дека таа „добила докази“ за поврзаноста на Канје со Стар.

Луиз додаде дека не може да обезбеди „конкретни докази“ за ова тврдење, но идејата дека Канје ја изневерил Ким со Џерфи Стар брзо се прошири меѓу интернет заедницата. 

На гласините се придружи и самиот Џефри Стар, кој синоќа објави фотографија на Твитер со провокативен опис – „Одам на неделната литургија“,  алудирајќи на побожната страна на Канје и фактот дека во текот на 2020 година тој постојано зборуваше за неделните литургии и миси на кои беше најмногу посветен.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Свет

Бил Гејтс направи ново застрашувачко предвидување. Иако милијардерот е голем поборник за вакцинација и тврди дека вакцината е, всушност, единствениот спас за човештвото, тој...