Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Кривична пријава за непостапување според здравствени прописи

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36)  и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично  дело ”Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица,  организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на  Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини  ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Свет

Бил Гејтс направи ново застрашувачко предвидување. Иако милијардерот е голем поборник за вакцинација и тврди дека вакцината е, всушност, единствениот спас за човештвото, тој...