Божиќ е еден од најголемите верски празници, а традицијата на неговото одбележување е полна со убави обичаи. Еден од нив е врзан за бадниково гранче, а еве што треба да се направи со него после Божиќ. Гранчето треба да се остави некаде во природа, и тоа без оние додатоци со кои се продава на пазарите, во маркетите…
Значи, од него отстранете го житото, панделките и сите додатоци, а гранките и листовите оставете ги во шума или парк. Не ги оставајте на бетон, не ги фрлајте во контејнер, туку на пример, закачете ги на некое дрво. Бадниковата гранка е симбол за дабот кој овчарите го донеле во витлеемската пештера каде што е роден Исус и кој праведниот Јосиф го запалил за да ја загрее студената пештера. Искрите кои летнале кон небото најавиле посебен настан.