Пејачката Гоца Тржан никогаш немаше влакна на јазикот и секогаш отворено зборуваше за се, како за љубовниот живот и бракот, така и за останатите теми.
Гоца сега искрено одговори на прашањето дали паѓа во искушение да гледа други мажи.
„Постојано гледма други мажи, исто како што и Раша гледа други жени. Но, да се гледа, не значи да се сака некој друг“, порача Гоца.

Пејачката додаде и дека на сопругот би му простила физичко неверство, но не и емотивно.
„На Раша би му простила физичко неверство, но ако емотивно ме загрози, тогаш ќе му направам пекол од животот“, искрена беше Гоца.
Пејачката веќе со години е во одличен брак со Раша, од кој е постара дури 14 години.