Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Честитка по повод празникот Божиќ од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Ваше Блаженство,

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник, Рожденство Христово- Божиќ.

Посакувам овој светол празник секој граѓанин на нашата татковина да го дочека во здравје, мир и благосостојба. Нека светоста на денот ги огрее домовите на верниците во овие мрачни времиња кога сме исправени пред предизвиците поврзани со здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Мирот во душите и безграничната љубов кон своите ближни, соседи, пријатели и сонародници нека биде ѕвездата водилка која ќе ни помогне да излеземе посилни и посплотени, затоа што само така ќе можеме да чекориме по патот на заедничкиот успех.

Надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности кои го водат човека, но и целата цивилизација кон подобар живот. Почитта, волјата и хуманоста нека бидат наш сопатник низ овие трнливи патеки кои ги чекориме. Така ќе ја изградиме иднината која ја сакаме за нас и за нашите поколенија, иднина во која зад себе ќе ја оставиме сиромаштијата, несигурноста и поразите со кои денес живееме.

Со вербата во Бога и вербата во мудроста и истрајноста на народот да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност.

Христос се роди, навистина се роди.

Честит Божиќ, нека е вечен празникот, нека е вечна Македонија

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Балкан

Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на Југославија, во која се произведуваше сè што може да замислите, а многумина ќе кажат дека тогаш бил подобар...