Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Србин извел спектакуларен грабеж во Италија – се пофали на Фејсбук и заврши во затвор

Србинот Миле Ѓорѓевиќ (29) е осуден во Италија на осум години затвор, откако со соучесници ограбил постара госпоѓа и од нејзината куќа однел накит вреден 600 000 евра. Миле бил уапсен два месеци по грабежот, откако станал сомнителен со раскошот со кој се фалел на Фејсбук. 

Имено, во март минатата година тие ја ограбиле жената, која за време на случката доживеала тортура долга еден час, односно ја мачеле додека не го отвори сефот. Откако Миле и пријателите го собрале накитот се дале во бегство и се ќе поминело добро за нив ако не почнале да се фалат дека во Италија супер живеат.

Миле и другарот од Романија, кој добил шест години затвор, почнале да објавуваат фотографии од журка во лимузина на кои „течат реки“ шампањско. Она што и паднало во очи на полицијата била раната која ја заработил Миле кога провалувале во станот на жртвата. Кога се поклопиле сите докази од истрагата, полицијата им тропнала на врата и сите тројца ги лишила од слобода. Третиот член во бандата бил малолетен, па не е познато каква казна добил. 

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Балкан

Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на Југославија, во која се произведуваше сè што може да замислите, а многумина ќе кажат дека тогаш бил подобар...