Претседателот на Кина Си Џинпинг и наредил на војската да ја зајакне обуката во 2021 година и повеќе да ја користи високата технологија во своите вежби. Оваа наредба доаѓа после напнатиот конфликт со Индија и Тајван минатата година.
Си, кој претседва со Кинеската воена комисија, и наложил на Народноослободителната војска на Кина да ја одржува полната борбена готовност и да биде подготвена да дејствува во секоја секунда, пренесува РТ.
– Војската мора да продолжи во духот на борба без страв од потешкотија и страв од смрт – се наведува во наредбата, напоменувајќи дека оваа година е 100 години од основање на Комунистичката партија на Кина.
Си, на војската и наложил да ја засили обуката во “првата линија“ и да ја зголеми употребата на високата технологија во вежбите. Тој за модерната технологија рекол дека е срж за борбена ефикасност.
Спрема наводите на “South China morning post”, ваквата наредба на кинескиот претседател отстапува од поранешните во кои на војската и порачувал да ги решава кризните ситуации и да спречи војна.