Навистина што се случува со Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул на кого во последно време се нешто му пречи. Ако лани ова време“редси“ имаат 49 бодови, сега имаат само 33. Ако лани неговиот тим не знаеше за доста, сега може лесно да го загуби првото место, Манчестер Јунајтед исто има 33 бодови, но и натпревар помалку.
Јирген Клоп до пред извесно време беше омилен кај медиумите, кај фдубалската јавност. Но сега веќе не е така. Тој го користи секој момент на нешто да се пожали. Прво “плачеше“ за тоа зошто нема пет измени, па за тоа дека Ливерпул игра во “незгодни“ термини, па сега во преден план е неговиот напад кој Јунајтед за кој вели дека на тој тим му се свират многу лесно пенали.
Дали Германецот е новиот “плачко“? Тоа го прашуваат медиумите во Англија и потенцираат дека тој тргнал по стапките на Бенитез, Мурињо, Лампард.
Кога сме кај пеналите да го кажеме и овој податок. Во минатата сезона за Манчестер Јунајтед се досудени дури 22 пенали, најмногу од сите клубови во најдобрите пет лиги во Европа.