Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДАЛИ СТЕ НАВИСТИНА ЗАВИСНИК ОД КАФЕ – Еве кои осум знаци ја покажуваат зависноста

За многумина животот без кафе е незамислив, особено наутро. Сепак, неговото прекумерно пиење, особено ако често пиете газирани или енергетски пијалоци кои содржат кофеин, може да доведе до „предозирање“ и зависност.

Овие осум знаци покажуваат дека на вашето тело не му се допаѓа преголемата љубов кон кофеинот.

1. Имате главоболка

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 50 проценти од луѓето кои редовно пијат кафе имаат умерена до тешка главоболка ако пропуштат еден ден да пијат кафе.

2. Вашето срце е во петта брзина

Ако срцето ви чука и „скока“ после пиење кафе, голема е веројатноста дека кофеинот е „виновен“ за тоа. Некои луѓе се веќе чувствителни на мала количина кофеин.

3. Се чувствувате немирно и вознемирено

Можеби тоа е предизвикано од вашето утринско кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин, па затоа почнуваат да чувствуваат немир, раздразливост, па дури и вознемиреност по само една чаша кафе со кофеин. Од друга страна, има и такви на кои им пречи кафето без кофеин.

4. Настроени сте кавгаџиски

Дали се ве нервира ако не сте го испиле утринското кафе? Кофеинот е стимуланс кој дава енергија и „подобро чувство“, но ако сте лошо расположени кога не пиете кафе, вие сте всушност зависни.

5. Не можете да спиете

Ова е причината зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го зголемува нивото на адреналин, за да можете да се чувствувате поенергично и будно. Може да помогне во понеделник наутро кога ќе ни треба енергетски поттик. Но, во текот на денот, ако консумирате кофеин неколку часа пред да одите во кревет, тоа ви пречи во биолошкиот часовник. Нема да спиете добро ноќе, па ќе бидете уморни наутро.

6. Имате развиено „имунитет“ на кофеин

Ако треба да пиете многу кафе за навистина да ја зголемите својата енергија, тоа може да значи дека вашето тело е толку навикнато на големи количини на кофеин, што помалку ги доживува неговите ефекти. Ова ве става во магичен круг бидејќи пиете сè повеќе кафе.

7. Ве мачи зголемен глад

Некои луѓе се обидуваат да го намалат апетитот со кофеин, но пиењето премногу кафе всушност може да има спротивен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормоните кои го стимулираат чувството на глад.

8. Се чувствувате како да не можете без кафе

Ако помислата да се откажете од утринското кафе предизвикува благ напад на паника кај вас, зарем тоа не е знак дека сте зависник? Обидете се постепено да го намалувате внесувањето на кафе, малку по малку, за да не ве надминат силен замор и главоболки.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Балкан

Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на Југославија, во која се произведуваше сè што може да замислите, а многумина ќе кажат дека тогаш бил подобар...