Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Британскиот премиер Џонсон е загрижен – Британија во карантин уште месец дена

Британскиот премиер Борис Џонсон во синоќешното обраќање до нацијата ги обелодини новите рестирикции.Сите училишта повторно одат под клуч и се воведуваат ограничувања на движењето. Затворањето доаѓа откако Обединетото кралство забележа огромен број на заразени.Болниците се пред тотален колапс а новата мутација рапидно се проширува низ целата територија.

-Додека ви се обраќам вечерва, нашите болници се преоптоварени повеќе од било кога со ковид пациенти. Иако во поголемиот дел од земјата веќе се на сила рестриктивни мерки, јасно е дека мораме да направиме повеќе. Тоа значи дека владата повторно наложува да останете дома, изјави премиерот Борис Џонсон.

Иако расте бројот на инфицирани, засега вакцинацијата во кралството се одвива непречено… до 1ви јануари се вакцинирани 1 милион жители. Во светски рамки рекордер е Израел со вакцинирани 12% од вкупното население. Израел стана и третата земја во светот по САД и Канада која ја одобри вакцината на компанијата Модерна со што значително ќе се забрза процесот. Министерот за здравство Јули Еделстеин изјави дека очекуваат да вакцинираат 80% од населението до почетокот на мај.

– Ефикасноста на нашите медицински тимови е неверојатна и ние сме многу среќни со тоа што се случува моментално. Константно ја потсетуваме јавноста дека сакаме да го отстраниме ризикот за голем дел од нив, но тоа не значи дека земјата има колективен имунитет или дека коронавирусот за нас е минато, вели Џули Еделстеин.

Во Европската Унија лидер по вакцинација според број на луѓе во апсолутна вредност е Германија со 0.78 луѓе на 100 жители..Следат Хрватска со 0.19 и Португалија со 0.16. Држави во кој процесот оди најбавно се Франција и Холандија.Во Франција до 31 декември се вакцинирани само 352 граѓани а во Холандија вакцинирањето треба да започне на 8ми јануари.

најчитани вести

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Балкан

Повозрасните генерации сигурно се сеќаваат на Југославија, во која се произведуваше сè што може да замислите, а многумина ќе кажат дека тогаш бил подобар...