Светлана Цеца Ражњатовиќ не беше сама во последните 20 години, но не сакала да го експонира тој дел во јавност.
Пејачката ретко зборува за емотивниот живот, а партнерите не ги претставува во јавност, па затоа многумина не ги познаваат.

„Секогаш имав поддршка од децата, тие не сакаат јас да сум сама. Едноставно, сами правиме избори. Не бев сама во последните 20 години, не го експонирав тој дел од животот. Не е среќа само да се има партнер, не сум жена која по секоја цена ќе биде со некого. Не сум жена која може да биде механички со некого“, вели Цеца.

Цеца откри и што ја привлекува кај мажите.
„Физичкиот изглед ми привлекува внимание, но подоцна гледаме дали има хемија, а ако се разбирате ќе ви биде забавно. Нема врска дали е повозрасен или помлад“, кажа пејачката.