Уметничко дело многу ги иритира граѓаните, бидејќи, како што велат, „ја уништува убавината на ридчето“.
Масивна вагина ги ги иритира локалните жители откако се појави на рид во Бразил, пишува „DailyStar“.
Уметничката Јулиана Нотари, помина 11 месеци во градење на ова уметничко дело што беше откриено за нова година, кога и ги сподели фотографиите на социјалните мрежи.
Делото наречено „Дива“ е поставено во рурален уметнички парк во Мата Сул Пернамбукана, во североисточниот дел на државата.
Инженерот задолжен за оваа работа не можеше да искористи багер за да ја направи формата, па сето тоа беше изведено со рачни алати.
Потребни беа повеќе од 20 мажи да работат на уметничкото дело, под жешкото сонце, со многу музика и шеги.
„Дива“ е долга 33, широка 16 и длабока 6 метри. Покриен е со бетон и смола. Со оваа дело уметничката сакаше да се осврне на родовите прашања од женска перспектива.
Но, луѓето не се задоволни од оваа скулптура. Во еден од коментарите се вели дека ова е „сквернавење“ на прекрасниот пејзаж на паркот кој сега е уништен.
Друга рече дека и покрај тоа што е жена, ќе се чувствува засрамено кога ќе поминува пред таа скулптура со своето семејство.
Друг рече дека уметничкатае многу глупава и наивна, затоа што е важно да се отстрани едно табу како е оваа тема, но тоа не се прави со копање огромна црвена дупка во земјата, бидејќи на тој начин не прави ништо за жените.
И покрај негативните коментари, уметничката се чувствува среќна и горда на својата уметност.



