Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Словенија нема ниту еден случај на сезонски грип

Сезонскиот грип со кој се соочуваме секоја година – го снема. Како одеднаш да исчезнаа сите вируси кои вообичаено ги заболуваат луѓето наесен и во зима.

Оваа сезона во Словенија не се пријавени случаи на сезонски грип, иако болеста во голема мерка беше присутна во исто време минатата година. Експертите предупредуваат дека отсуството на потврдени случаи може да биде резултат на намалени контроли поради сегашната пандемија на коронавирус, пренесува СТА.

Се посочува дека Националниот институт за јавно здравје не забележал ниту еден случај на грип до 27 декември, но и дека бројот на тестови за грип и други респираторни заболувања значително опаднал во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на други вирусни инфекции исто така е намален, а состојбата е слична во повеќето европски земји.

најчитани вести

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Свет

Постојано читаме за спортисти кои заработиле милиони за време на кариерата а потоа, заради коцкарски долгови, погрешен избор на жени, претерано трошење, алкохол и...

Балкан

Денеска во БиХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово, Посушје каде биле собрани за да ја...