Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОТКРИЛ СЛИКА ОД СВОЈАТА СОПРУГА 20 ГОДИНИ СТАРА – Се шокирал од еден детал (фото)

Брачна двојка од Кина дознала дека се сретнале несвесно пред скоро 20 години, благодарение на една стара фотографија скриена во семејниот албум. Је и неговата сопруга Ксуе се сретнале и се заљубиле во Ченгду во 2011 година и имаат ќерки близначки – но нивните патишта случајно се вкрстиле и во јули 2000 година, кога во исто време го посетиле плоштадот Четврти мај во крајбрежниот град Кингдао.

Тие велат дека нивната врска била „запишана во вездите“, откако сопругот се пронашол на една од нејзините фотографии од пред 20 години, кога сè уште не се познавале.

На фотографијата се гледа младата Ксуе во бел фустан, додека во позадина се гледа еден млад човек кој подоцна ќе стане нејзин сопруг. Таа вели дека веднаш го препознала на фотографијата, затоа што и тој има своја која е направена истиот ден, на истото место.

– Кога ја видов фотографијата, се изненадив и трпки ми поминуваа по целото тело. Тоа беше мојата поза за фотографирање – изјави тој за „Sina News“ и додаде дека и самиот се фотографирал во иста позиција само од друг агол и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи.

најчитани вести

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Свет

Глад доведе до смрт на 200.000 луѓе само во Европа, а немири избувнаа во Велика Британија и Франција, додека магацините со храна беа ограбени....