Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски ги жали тутунарите, но смета дека е подобро нивните пари да ги потроши за да им честита на телевизија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во негов стил, поетски, вчера изрази загриженост за откупот на тутунот и побара владата да им помогне на тутунарите кои протестираа на Илинденска.

  • Кочо Рацин во „Тутуноберачите“ ќе напише: “На кантар студен со туч го мерат, а можат ли да го измерат, нашиов тутун — нашава мака, нашава солена пот!”. Велат, само тие кои работеле тутун можат да знаат каква мака е. 2 месеци го гледаме Зоран Заев и надлежните како буквално ги лажат тутунарите водејќи ги кон ѕид, само за да им го откупат тутунот, речиси за без пари. Постојаното лажење и средбите со тутунарите на кои им се ветува сѐ, а потоа ништо не се реализира. Требаше да ги подели земјоделците, за локалните моќници на власта да печалат на маката на чесниот народ. Додека домашниот тутун седи неоткупен, Владата минатата година дозволи увоз на тутун кој беше поскапо платен од домашниот. Нема да дозволиме на потта на земјоделците да печалат локалните олигарси, по смена на власта ова ќе биде детално анализирано, не само од министерството за земјоделие туку и од истражните органи. Оваа земја се темели на работливиот народ. Како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ давам безрезервна поддршка на тутунарите. Веднаш Владата да излезе со гарантирана откупна цена и дополнителна субвенција за земјоделците. Сѐ друго е уште една измама на Заев , напиша Мицкоски на Фејсбук.

Како човек и како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ , Медиа се интересираше колку е искрена неговата грижа за тутунарите. Прашавме дали партијата е подготвена да се откаже од буџетските пари или барем дел од нив, за да се помогне на тутунарите.

ВМРО-ДПМНЕ не одговори на прашањето на медиа и во моментов не знаеме дали грижата за тутунарите е само декларативна и лицемерна или партијата ќе одвои дел од милион евра за да им помогне.

Десетици илјади евра пари на граѓаните истроши Мицкоски само за новогодишните празници каде со нивни пари плаќаше партиски спотови со кои им ги честиташе празниците.
Медиа и пред два дена постави прашање колкав телевизиски простор закупила партијата и по која цена за да може Мицкоски во повеќе наврати преку малите екрани на граѓаните со пари од даноците да им честита нова година. Трет ден партијата ги игнорира прашањата на Медиа.мк и молчи, иако има обврска согласно Законот за слободен пристап до информации да биде транспарентен и да одговори на прашања кои се однесуваат на трошењето на буџетските средства.

најчитани вести

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...

Забава

Српската пејачка Јелена Карлеуша многумина ценејќи по тоа што ја гледаат по ТВ екраните, ја доживуваат како многу арогантна и сурова личност, но оние кои приватно...

Свет

Постојано читаме за спортисти кои заработиле милиони за време на кариерата а потоа, заради коцкарски долгови, погрешен избор на жени, претерано трошење, алкохол и...

Забава

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една ТВ – емисија изјави дека во овој момент би се омажила само за рускиот...