Змејовите се митски суштества кои ги фасцинирале луѓето со векови. Легендите за овие суштества се импрессивни и луѓето никогаш не се заморуваат од слушање на било која од нив.
За жал, змејовите кои ги имаме во нашите глави не постојат. Сепак, постои група животни кои се навистина слични змејот, со што уште еднаш се докажува дека чудата на природата постојат.

„Летачките змејови“ припаѓаат на класата „Draco“. Тие се дел од семејството на гуштери „Agamidae“. Тие живеат по дрвјата на дождовните шуми во Јужна Азија.
Бои и карактеристики
Змејовите се долги околу 20 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката. Нивните тела се рамни, што помагаат и за време на летањето. Бојата на нивните тела е кафеава о точки. Нивните крилја од долната страна се сини кај мажјаците, додека кај женките се жолти.