„Велика Британија ќе влезе во нова национална блокада за да ги намали екстремните притисоци врз здравствениот систем за време на брзото ширење на новиот вид на коронавирус“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
Премиерот објави дека заклучувањето ќе трае до средината на февруари и тој потег го означи како „голем државен напор во борбата против ковид-19“. Ако сè оди според планот, дотогаш, според Џонсон, треба да се вакцинираат сите британски здравствени работници, работници од системот за социјална заштита, стари лица и клинички загрозени.
Патем, Британија забележа повеќе од 58.000 нови случаи на инфекција со коронавирус. Зборувајќи за новите построги мерки, Џонсон рече дека „следните недели ќе бидат најтешки досега“.