Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Приведен угостител од Пробиштип поради непочитување на работното време на угостителски објекти

На 03.01.2021, полициски службеници oд ОВР Пробиштип извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на ОВР Пробиштип во поглед на почитување на работното време. При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на Градскиот плоштад, сопственост на И.М.(44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци. 

Сопственикот И.М. бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност. 

По консултации со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик. 

најчитани вести

Забава

Жителите на Нови Сад влегоа во 1977 година заедно со најважниот гостин во земјата – Јосип Броз Тито. Беше голема чест за власта во...

Забава

Лепа Брена важи за една до најголемите ѕвезди на нашите простори. Има долгогодишна кариера, па поради тоа не изненадува фактот дека има толку многу...

Забава

Групниот с**с е табу тема, па речиси сите ги кријат своите фантазии, но една 62-годишна професорка на факултет за британски „Гардијан“ ги сподели своите...

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...