2020 година беше тешка за Хуан Хоја Борха, шпанскиот комичар кој стана познат низ целиот свет од многуте „мемиња“ кои излегоа во 2015, каде тој се „заразно“ се смее раскажувајќи лична случка во емисија во 2007.
Актерот во последно не е активен поради здравствените проблеми кои довеле до таму да му се ампутира едната нога.
Според шпанските медиуми, тој сега е хоспитализиран во болница во Севиља која служи и како центар за лица со хендикеп.
Иако има проблеми со зараснување на раната, 65-годишниот актер се опоравува.



