Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОВОЈ ПОЛИЦАЕЦ ЌЕ ВИ ГО НАПРАВИ ДЕНОТ ПОУБАВ – Направи дело за кое зборува целиот свет

Наместо да казни две жени кои краделе намирници во супермаркет, полицаец од Масачусетс направил многу неочекуван, и за многумина хуман гест.

Имено, полицаецот Мет Лима добил повик од супермаркетот „Stop & Shop“  во кој му било кажано дека две жени биле снимени на камера кои криеле намирници во торбите што не ги пријавиле на каса. Жените кои со себе понеле две мали деца и биле запрени набргу по излегувањето од продавницата. Полицаецот Лима има и две девојчиња на слична возраст, па затоа му било непријатно што морал да ги казни двете жени.

За да не слушнат децата ништо за тоа што се случува, тој повикал една од жените од страна и прашал што се случило. Таа му објаснила дека е вработена, но дека нејзината пријателка, мајка на децата, нема работа и има други семејни проблеми.

„Таа само сакаше да земе нешто за децата за Божиќна вечера“, изјавил полицаецот Лима за Си-Ен-Ен.

Кога ги проверил нивните торби, се уверил дека има само храна. Тој сфатил дека на ова семејство му треба помош и наместо да ги казни, им напишал предупредување на двете жени, а потоа им купил картички за друг маркет за да можат да ги набават потребните намирници.  

Оваа реакција на полицаецот Лима предизвика бројни пофалби на социјалните мрежи.

најчитани вести

Забава

Жителите на Нови Сад влегоа во 1977 година заедно со најважниот гостин во земјата – Јосип Броз Тито. Беше голема чест за власта во...

Забава

Лепа Брена важи за една до најголемите ѕвезди на нашите простори. Има долгогодишна кариера, па поради тоа не изненадува фактот дека има толку многу...

Забава

Групниот с**с е табу тема, па речиси сите ги кријат своите фантазии, но една 62-годишна професорка на факултет за британски „Гардијан“ ги сподели своите...

Забава

Не велат залудно – пазете што сакате, можеби ќе се оствари. Во случај на една девојка, не само што ѝ се оствари нејзината најголема...