Австрискиот канцелар Себастијан Курц посочува дека обврската за вакцинирање против коронавирусот нема да биде воведена во Австрија, но истовремено тој посочува дека луѓето кои нема да се вакцинирани може да наидат на проблеми.
- Останува лична одлука на секој поединец дали ќе биде вакциниран. Владата нема да воведе обврска за вакцинирање, подвлече Курц, наведувајќи дека, сепак, може авиокомпаниите или организаторите на настани да воведат такви правила.
- Многу земји во некои делови на светот сè уште бараат доказ за вакцини, на пример против хепатитис, маларија или тифус, пред да започнат. Тоа би можело да биде слично за вирусот корона во иднина, објасни тој во изјавата за виенски дневен весник.
Курц најави дека ќе биде вакциниран што е можно поскоро.
Претходно, на прашањето зошто не се вакцинирал на самиот почеток на вакцинацијата, Курц рече дека тој, како и другите членови на владата, не сака привилегиран статус, бидејќи на ред се ризичните групи.
Кога станува збор за враќање на нормалноста, канцеларот повтори дека не очекува тоа да се случи многу наскоро.
- Во следните месеци, поради ниските температури, лошиот имунолошки систем ќе биде многу предизвикувачки. Третиот бран веќе силно погодува многу земји, како што се Чешка или Холандија. Сите овие се сигнали дека овој развој може да се случи и кај нас. Ќе треба уште време за соодветните групи да бидат вакцинирани, потенцира Курц.
Тој рече дека очекува состојбата да се подобри со вакцинирање и пораст на дневните температури, односно во текот на летото.
На прашањето дали може да има четврто заклучување, на пример, во март, Курц рече дека никој не може да го исклучи тоа, бидејќи целта е да се спречи тријажата на интензивна нега.
Тој рече дека е загрижен и за факторите врз кои никој нема влијание, а тоа се, на пример, мутациите, како што сега има во Велика Британија.