Многу луѓе не можат да се помират со фактот дека се сингл или дека се единствените кои во своето друштво останале без девојка во одреден момент. Така е примерот за еден Твитер корисник кој смислил план како да го промени тоа.
Ужасно е чувството кога сите се во врска, а ние самите не, страшно е.
Кога треба да излезат – или се зафатени или девојките не ги пуштаат.
На овој Твитер корисник му здосадило постојано да нема друштво за излегување и решил да стави крај на приказната тој да биде единствениот кој нема девојка. Но, ако мислите дека си фатил женска, се лажете.
Тој смислил генијален план неговите пријатели да раскинат со своите девојки.
Имено, тој купил пакетче четки за веѓи и решил да ги стави во автомобилите на неговите пријатели, за да ги пронајдат нивните девојки и да предизвика кавга меѓу нив.

Тој објави фотографија на Твитер и напиша: „Уморен сум да бидам единствениот што е сингл, затоа купив четки за да ги ставам во автомобилите на моите пријатели, за да се караат со девојките“
Некои ја поддржаа идејата, додека други не беа баш воодушевени.
„Да бидам искрен, сам си поради ова однесување“, коментира една девојка.
