Дино де Суза (40) и Сауло Гомез (30) се најдобри пријатели од Бразил. За време на одмор во Барселона, на 19.08.2019 година, тие ја запознале Олга (27) од Белорусија. Тие добро се сеќаваат на тој датум затоа што Олга тогаш им станала девојка на двајцата.
И Дино и Сауло велат дека се вљубиле во Олга во моментот кога ја виделе. И двајцата сакале да излезат со неа. За да избегнат расправија одлучиле и двајцата да и пријдат, за да можат да видат што ќе им каже, а ситуацијата била решена сосема неочекувано, на начин на кој сите тројца сега се во врска.
Сега ова трио живее во Франција и тие велат дека живеат како „секој пар“.

Дино и Сауло велат дека никогаш не им паднало на памет дека ќе живеат вака, но тие се толку, велат тие, вљубени во Олга, што се подготвени да се согласат на сè.
– Ја видовме во клубот и ја поканивме на пијачка со нас. Така започна нашата прекрасна љубовна приказна. Едноставно, сите некако се поврзавме и таа хемија е невозможно да се игнорира. Би сакал да ви опишам како се чувствувам, но едноставно нема зборови за тоа – вели Дино.
Тие велат дека одат на патувања, на ручеци, излегуваат како секој обичен пар, само се тројца.

Тие велат дека на почетокот, и нивните пријатели и семејствата биле шокирани и дека сè уште не ја разбираат целосно нивната врска.
– И странците се шокирани. Каде и да излеземе, се однесуваме како и секој друг пар, и тоа ги збунува луѓето. Сепак, нас не интересира што мислат луѓето за нас – велат тие.
– Ние гласаме за секоја голема одлука. Се обидуваме да не се караме по секоја цена, туку да се расправаме и да го најдеме најдоброто решение. Кога некој од нас има проблем, тоа не е негов проблем, туку проблем на сите нас и правиме се да го решиме што побрзо и попаметно. Секој од нас има своја улога во групата. Јас сум како дете и носам позитивност, Сауло е организиран и сериозен, а Олга е хаотична, но полна со чиста љубов – вели Дино.
Тие тројца моментално живеат во Тулуз, Франција, а исто така велат дека планираат деца.

– Ние сакаме Олга да роди едно дете за мене и едно за Сауло. Иако живееме во тројца, јас и Сауло не сме хомосексуалци, затоа имаме посебна врска – велат тие.