21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЏО БАЈДЕН ЌЕ СЕ ВОЗИ ВО ВИСТИНСКИ “БУНКЕР” (фото)

Автомобилот на 46-от претседател на Соединетите Американски Држави може слободно да се нарече бункер на 4 тркала. Неговото име е „Cadillac One“, но некои го нарекуваат ѕверот.

Причината е јасна: последниот автомобил на претседателот на САД е најбезбеден во светот. Тој всушност е вистински бункер на тркала: може да издржи хемиски напад, оган, мина. Од друга страна, безбедноста на американскиот претседател секогаш била на прво место.

Автомобилот го вози војник кој е обучен од американските тајни служби за било каква неочекувана ситуација, вклучително и  потребата од изведување маневри и трикови. Прозорците се составени од пет слоја стакло и поликарбонат, способни да издржат секакви куршуми.

Тие не може да се отворат со исклучок на тој кај возачот кој се отвора 8 сантиметри. За комуникација има сателитски телефон со директна линија која е секогаш отворена кон потпретседателот и Пентагон.

Вратите се блиндирани и се дебели повеќе од 20 сантиметри, повеќе од двојно од обичните автомобили. Откако ќе бидат затворени, тие создаваат 100% изолирана средина што може заштити дури и во случај на хемиски напад.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести