По бурниот љубовен живот, во кој, како што тврди, имал секс со 200 жени, еден Британец одеднаш наиде на неочекуван проблем.
- Со години имав див секс со разни девојки и спиев со повеќе од 200 жени, ја започнува својата приказна Англичанецот.
- Имам 36 години и работев во Мајорка. Изгледам добро и секогаш го привлекував вниманието на жените кои сакаа да си поминат убаво на годишен одмор, вели тој и продолжува:
- Морав да се вратам во Велика Британија и да испраќам пораки до старите пријатели за да побарам сместување.
- На крајот, ми се јави девојката со која работев и ми рече дека можам да бидам кај неа некое време. Таа само што се разведе и живееше сама. Поминаа две недели пред да имаме секс и тогаш започнаа моите проблеми, објаснува човекот.
- Таа е прекрасна личност и се заљубив преку глава, но се фатив себеси како гледам други жени. Мојата девојка е одлична, но почнувам да се грижам дека никогаш нема да можам да се скрасам покрај една жена, заклучи Британецот.

Одговор на терапевтот: Ова е тотална промена во вашиот живот – од бројни средби со случајни жени, до стабилна врска со само една девојка. Мора да се отворите емотивно за да развиете вистинска интимна врска, што е значително различно од сексот во секојдневна врска.
Ова може да изгледа многу стресно, особено ако сте имале емотивни проблеми кога сте биле млади, но би било штета да ве спречи да доживеете вистинска љубов.