Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Рано утрово е изгаснат пожарот во ТЦ “Глобал“

Рано утрово е изгаснат пожарот кој синоќа околу 23 часот го зафати Трговскиот центар „Глобал“, но на местата кај  што има повеќе роба или тезги сѐ уште може да се забалежат пламени јазици.

Соред тоа што може да се види, од пожарот се опфатени повеќе од десет продавници, а изгорен е и внатрешниот дел кај што се сместени тезгите и пламенот стигнал дури до третиот кат од трговскиот центар.

МИА утрово затекна купишта изгорен материјал, стока, вода на сите страни, а местото го обезбедува екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

Неколкумина сопственици на продавници и тезги само немо гледаа во објектот и не беа расположени да дават изјави.Синоќа на пожарот беше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени.

Според него, синоќа во гаснењето учествувале и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.

Според очевидци, пожарот веднаш се проширил.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.

Местото на пожарот го обезбедува полицијата и приодот околу него е обележан со лента.

Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.

најчитани вести

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...

Забава

Групниот с**с е табу тема, па речиси сите ги кријат своите фантазии, но една 62-годишна професорка на факултет за британски „Гардијан“ ги сподели своите...

Балкан

Денеска во БиХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово, Посушје каде биле собрани за да ја...

Забава

Почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Милутин Мркоњиќ синоќа е итно хоспитализиран во болница во Белград. Според српските медиуми, тој е негативен на коронавирус,...