Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација е неисцрна тема во светот на спортот. Нашата гол-машина постојано е во центарот на вниманието, и на 40 години, и натаму е страв и трепет за противничките голмани.
Лазаров во интервју за „handballfast.com“, открива дека можел да стане и кошаркар, но средината го сторила своето, бил насочен кон ракометот, од мали нозе почнал успешно да ја пишува успешната приказна, а за тоа говорат бројните признанија и рекордите кои и натаму се во негова сопственост.
„Можев да станам уште подобар кошаркар од ракометар. Но, постојаната комуникација со луѓето кои се посветени на овој спорт направија оваа игра да стане дел од мене“, вели Лазаров.
Оваа година е пресудна, македонскиот репрезентативен ракомет, најверојатно ќе продолжи да чекори без главната сила. Лазаров веќе размислува за завршување на богата кариера, по крајот на сезоната, но дефинитивната одлука најави дека ќе ја донесе наскоро.
Иако размислувањата се исти, сите се согласни дека без него ќе биде тешко, сепак Лазаров верува во младите сили, вели дека има огромен потенцијал во сите нив.
Целтото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.