Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Америка има авион за “СУДНИОТ ДЕН” – Еве како изгледа (видео)

Америка има авион за крајот на светот. Всушност САД имаат четири такви. Но, американската влада одбива јавно да зборува за авионите за крајот светот.

Американците имаат специјален авион за во случај да дојде крајот на светот! Авионот наликува на големата летечка канцеларија на претседателот на државата, позната како „Air Force One“. Сепак, овој авион ќе може да го заштити првиот човек на САД, заедно со неговата придружба, дури и во случај на нуклеарна војна.

Овој авион е направен за американската влада за во случај на нуклеарна војна или друга катастрофа. Приспособениот 747, наречен „Е-4Б“, и може да издржи нуклеарна бомба, експлозии на астероиди и терористички напади така што би останал со денови во воздух и без гориво.

Станува збор за Боинг 747 адаптиран со ознаката „E-4B NAOC Doomsday Plane“, со кој американскиот претседател летал за време на нападите на 11 септември 2001 година.

Авионот е способен да издржи нуклеарни напади, удари на астероиди и терористички напади и може да лета со денови без да мора да се достава гориво. Сепак, бидејќи моторното масло мора да се земе на земјата, летот може да трае „само“ седум дена.

 Специјалниот слој го штити од зрачење и има 17 антени и комплетен систем со највисока технологија. Комуникациската опрема се наоѓа во посебна просторија зад пилотот.

Авионот за „Последниот ден“ има три нивоа и покрај екипажот може да всели 112 лица. Овој авион бил нарачан од Роналд Реган во 80-тите години на минатиот век, последните денови од Студената војна. Теоретичарите на заговор велат дека токму во овој авион бил стациониран скоро целиот државен врв за време на нападите од 11 септември.

Американската војска и Владата  на САД збегнуваат да даваат какви било информации за авионот, па информациите остануваат на ниво на шпекулации.

најчитани вести

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...

Балкан

Денеска во БиХ е прогласен за Ден на жалост за осумте тинејџери кои беа пронајдени мртви во викендичка во селото Трибистово, Посушје каде биле собрани за да ја...

Забава

Почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Милутин Мркоњиќ синоќа е итно хоспитализиран во болница во Белград. Според српските медиуми, тој е негативен на коронавирус,...

Забава

Цеца ги воодушеви фановите со видео кое го објави на Инстаграм на кое таа е дефинитивно е во најсекси издание за годинава. Пејачката одлучила да...