2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Израел масовно вакцинира – ОКОЛУ 12% ОД ЛУЃЕТО ВЕЌЕ ЈА ПРИМИЛЕ ПРВАТА ДОЗА

Над еден милион Израелци ја примиле вакцината против коронавирус, што претставува највисоко ниво во светот, додека се зголемуваат глобалните напори за имунизација на населението.

Според  веб-страницата за глобалната вакцинација поврзана со Универзитетот во Оксфорд, Израел има стапка од 11,55 дози  на 100 жители, после доаѓа Бахреин со 3,49 и Велика Британија со 1,47.

За споредба, Франција вкупно вакцинираше 138 лица до 30 декември.

Во меѓувреме, повеќе од 1,8 милиони луѓе сега починаа од вирусот ширум светот.

САД се далеку од целта која ја поставија за да вакцинираат 20 милиони луѓе до крајот на 2020 година, па само 2,78 милиони ја имаа примено првата доза до 30 декември./ BBC/

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести