Почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Милутин Мркоњиќ синоќа е итно хоспитализиран во болница во Белград. Според српските медиуми, тој е негативен на коронавирус, но има воспаление на белите дробови. Веста ја потврдил и претседателот на партијата Ивица Дачиќ.
За Нова.рс. Милутин истакнал дека добро се чувствува.
– Пред два дена имав температура и се тестирав. Резултатите се негативни, но на снимката видоа некои промени, не знам ни јас за што се работи, па се водам како ковид пациент. Ана, исто така, се тестираше и е негативна, нема никакви симптоми, изјавил тој.
Мркоњиќ има 78 години, а веќе 9 години е во емотивна врска со пејачката Ана Бекута.