Connect with us

Hi, what are you looking for?

Х-Фајлс

Кеит Ричардс: Додека газевме со Христијан пред 100 000 публика, Апасиев не знаеше ни за Електрични Оргазам

„Тајм ис он јор сајд Кико“ му порача Кеит Ричардс на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако го изгледа неговото последно интервју.
Обвиен во дим од цигарата што ја допушува, Ричардс се потсетува на времињата кога Хајд Парк бил претесен за да го види Мицкоски.
„Само злобници може да се потсмеваат со исповедта која ја имаше во неговиот дом. Само злобници може да коментираат дека не го познаваат како градска фаца и да се зезаат дека џабе се фали. Човекот е скромен. Кажа дека доцнел на писмена заради некои си таму Електрични Оргазам, а беше со нас. Ако мислите дека Ролинг Стоун бевме јас, Џегер, Чарли и Рони, се лажете. Кико беше тој што ги тркалаше камењата“ коментира најпознатата гитара во светот.
„Човекот беше сестран. Само затоа што е скромен признава дека е нереализиран спортист. Прашајте го Џордан од кого ги доби најпрецизните асистенции“ вели гитаристот на Стоунси.
„Христијан палеше и гасеше во Бони и Ани, па и во Булевар и во МНТ. Не е точно дека не го пуштале. Еднашкога не викна во Скопје не вратија од врата ама заради негова и наша безбедност. Зато после Рози ни направи шопска и уживавме во домашната ракија. Баталете го тој Апасиев беше никој и ништо. Нема логика да биде популарен повеќе од Кико. Како мисли Апасиев да ги решава проблемите на граѓаните без да се качува по три пати неделно на Водно и уште толку во теретана“ завршува Ричардс давајќи поддршка за шпицен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

**Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

најчитани вести

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...

Забава

Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи...

Забава

Либи Пауел е убавица од Австралија која се занимава со фитнес и хара на социјални мрежи. Нејзиниот Instagram има повеќе од милион следбеници, а Лили може...

Забава

Цеца ги воодушеви фановите со видео кое го објави на Инстаграм на кое таа е дефинитивно е во најсекси издание за годинава. Пејачката одлучила да...