Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

И покрај тоа што поради пандемијата бројот на летовите беше значително намален и во 2020 година се случија дупло помалку несреќи на патнички авиони, сепак имало повеќе жртви во споредба со 2019

И покрај тоа што поради пандемијата бројот на летовите беше значително намален и во 2020 година се случија дупло помалку несреќи на патнички авиони, сепак имало повеќе жртви во споредба со 2019,соопшти холандска консултантска компанија.

Во 2020 се случија 40 големи несреќи на патнички авиони, од кои пет беа фатални, што доведе до 299 жртви. Во 2019 година имало речиси двојно повеќе несреќи (86), од кои 8 биле фатални. Тогаш загинале 257 лица, забележува компанијата To70.

Бројот на загинати луѓе од големи несреќи на патнички авиони се искачи на 299 во 2020 година, и покрај падот на летовите поради пандемијата на коронавирусот, .

Во 2020 година имало по 0,27 фатални несреќи на милион летови или една фатална несреќа на секои 3,7 милиони летови, во споредба со 0,18 фатални несреќи на милиони летови во 2019 година.

Повеќе од половина од сите загинати во истражувањето To70 се 176 жртви на несреќата во јануари 2020 година, кога беше соборен украински авион во иранскиот воздушен простор. Вториот најсмртоносен инцидент беше несреќата во Пакистан во мај, во која загинаа 98 лица.

Во последните две децении, драматично опадна бројот на загинати во авионски несреќи. Во 2005 година, беа пријавени 1.015 несреќи низ целиот свет. Во последните пет години имало во просек 14 фатални несреќи, што доведува до 345 смртни случаи годишно. Најбезбедна за авијацијата беше 2017 година, кога имаше само две кобни несреќи со 13 жртви.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...

Свет

Американецот Бил Бентер е веројатно единствениот милијардер во светот кој своето незамисливо богатство го стекнал со обложување. Овој генијалец успеа да го победи системот!...